Ако мажите во своите концепции жените ги приближуваа кон телото оддалечувајќи ги од духот, кого го чуваа за себе, денес жените го грабнаа тој идеологем и го употребуваат како оружје во критиката на андроцентричниот и логоцентричниот дискурс кој се претставува како несексистички и општочовечки.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Телото еминентно е женска тема, не само внатре во феминистичките и „gender studies“, туку и пошироко.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Сакаше да викне, да го грабне тој „пезевенк" за врат и тука на столчето да му ја извади душата; да им викне барем на мајка си и татко си дека нема тоа да стане, но толку беше возбуден, така што немаше ни ум во главата ни сила во снагата, ни воздух во градите ни да мрдне, ни да проговори.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)