И токму кога влегол во својата одаја и сакав да се помолам Богу, вратата се отвори и влезе Писмородецот. „На пат готви се да тргнеш утре“, ми рече.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Едно утро, кога по фронтовите војниците ги зедоа своите пушки, готвејќи се за нов бој, останаа зачудени: во секоја цев - маслиново гранче!
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Кога историската неопходност категорички ни изјавува: Македонци, или соединувајте се меѓу себе и отцепете се од другите балкански народи или гответе се за дележ на нашата татковина! – сите искрени патриоти Македонци ќе го примат првото.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)