Се осеќа само вкус на пелин, небото се затвара, песната тагува, а душите нечујно умираат во вечното молчење на неизречените копнежи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Чувствуваше како да му гори оган во стомакот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во еден од ќошевите, оној најоддалечениот, под високата црница, постојано гореше оган на кој во голем котел секогаш имаше жешка вода во која вриеја нашите алишта.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Капавица напладне прокапуваше одвај само од оние страни на куќите во кои речиси и дење и ноќе гореше оган.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
А тоа станало вака, кажуваа Ристе Јанчески Газилајна и Тодор Велјаноски: кога си отишле од кај нив, од кај Јанчевци, главите на сојовите кои биле на закопот на стрика Анѓела нивни, тие, Јанчевци, за д не горат оган во сите одаи, се прибрале во гостинската, таа веќе била затоплена, а во сите други одаи, според верувањето дека душата на покојникот и по смртта, до четириесеттиот ден, шета низ куќата, оставиле да горат вивки и свеќи.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Само што се извлече од веленцето и тргна на кај вратата внимавајќи да не му стапни на мевот некому, кога онде, кај столбовите, каде што гореше огнот, се исправи и Геле Колишев и брзо стигна до сивата дупка на влезот која како веднаш да го голтнува.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Во Трајчевото малечко куќарче, среде во огништето, гореше оган.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Во душава гори оган, со него горат и зборовите, затоа молчиме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)