голта (гл.) - ракија (имн.)

Но, од наведените причини, некои голтаат ракија, вино, па и пивце (што би рекле србите ’за живце’.) Голтаат, дигајќи си го степенот на добра расположба, но и потврдувајќи го ставот дека кај нас, повеќето пијат од мака и од радост, а малкумина од сабајле.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
КЛАУС: Се исековте. ДИМИТРИЈА: Да. (Голта ракија од шишето. Плука на прстот.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
7. А потоа, како што им вети на браќата Мануш и Јанкуло, Отец Симеон, по поразниот разговор со братчето на Јана и болното претчувство дека таа се крие од него, се врати во една од своите бази, во онаа летна кафеана крај осамената железничка станица, да голта ракија и чад на локомотиви и да им се претстави на браќата првпат скршен и бессилен.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)