гледа (гл.) - само (чест.)

Но неговите раководители мислеа друго: тие во иднината, како и во сегашното, го гледаа само тоа што им е пријатно да го видат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Си гледа само пред нозете и вјаса.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме гледаат само ѕидовите од куќите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секаде ни ја гледаат само лузната, вели и си ја брише, си ја оближува устата...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гледаме само човечки сенки, налактени по прозорците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го гледаш само џелатот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гледаш само расалено човечко месо, запалено, жегосано.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакам да го прашам дали ги виде ѕвездите, но во затревените падини пред нас се гледаат само нежните главчиња од боливачот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се слуша офкање и газење. Гледам само сенки се меткаат околу тебе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знае како ми е мене. Мене и не ме гледа човекот, ја гледа само ракијата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И кон кај да погледнеш, го гледаш само сонцето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Им го гледам само тилот, Ама, одејќи така, еден од крајот на редот се сопна и, паѓајќи ме погледна право в очи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гледав само војски, војски, колони војски гледав, забрзани кон некаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги гледам само градите и гледам некои сламки и некои пајаци што слегуваат по сламките. 258
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)