гледа (гл.) - кај (сврз.)

Се кријам и од Јона: да не го гледам кај што се мачи и да не ме гледа тој кај што се мачам. Поарно за обајцата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се слекувам и голтам суви залаци, што се вели, веќе се гледам кај што играм.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ќе ја кренам главата вака и ќе ги гледам кај што се стројат во низи на небото, пиштејќи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гледај кај газиш, свињо!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, дека заблудени со јадењето, не гледаме кај ни се истргуваат војниците, стражарите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гледај кај нѐ дотераа, сестро златна, ќе вели Оливера Поточка, на крајот од светот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Многупати ги гледав кај што се поштат, седнати зад бараките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И застануваат пред мене ме гледаат кај што ги чачкам спиците, кај што ги џвакам со секирата, Ги мачам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)