гледа (гл.) - како (сврз.)

Гледам како Надењка излегува на тремот и како устремува тажен, чемерен поглед под небото...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А кутриот Бургиба се гледаше како оголено стебло, не само без плодови, туку и без лисје.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тоа поле треба да има луѓе, чунки гледам како да има ливаѓе и нивје“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ја гледаме како удира по жиците, по чашките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ајде, човече, мислеше, треба да се побрза. Нели гледаш како надоаѓа ноќва.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој ја потсетува на ветрот што тогаш ни фучеше на ридот, кога таа ги слушаше оние четири зборови, па лицето ѝ станува жално, жално, а по образот й потекува солза...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)