гледа (гл.) - или (сврз.)

Селаните ретко го гледаа или воопшто не го гледаа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој ли е? Себеси се гледа или е тоа дедо му Аврам?
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Некои од селаните ја гледаа, а некои се тргаа настрана да не гледаат или ги затинаа ушите да не го слушаат жалното рикање на бикот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)