гледа (гл.) - удолу (прил.)

- Оф, ова е нешто што не сум можела ни да си го замислам! - се радуваше куклата гледајќи удолу кон Земјата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Луѓето долу, на улицата, имаа смалени фигури и беа раштркани по плочникот, ретки автомобили брзо ја пресечуваа стеснетата бела врвица по средината, само двократниот црвен автобус, откако ќе се занесеше на завојот од плоштадот, на влегување во главната улица, лазеше тука рамно, притеснет во некоја своја одредена четвртеста линија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Претпазливо, како да ја испитува издржливоста на железните пречки што го држат, се наведнуваше со телото над уличната бездна, сеќавајќи го уште посилно засекот на железото во мекото месо на подлактицата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Човекот ги префрли обете раце преку железото, како да се распнува на него, и сега гледаше удолу без она несигурно стоење на тлото.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Му останува само од врвот на чатијата, каде што некогаш се издигал оџакот над домашното огниште да гледа удолу - како во оловните води на Вардар наоѓаат утока калните далги на Пчиња.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се плашеа да гледаат удолу, им се вртеше во главите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Не гледај удолу! - рече Бојан. - Залепи се цврсто и со рацете и со нозете за пукнатините во карпата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)