гледа (гл.) - тука (прил.)

Се гледа тука постојаната биполарност и осцилирање на интелектуалците од децималните јазици и култури (Анте Поповски), односно нивната Јанусова природа: припаѓајќи им на мали јазици и култури, тие не можат да се откажат од јазикот, митот и колективното несвесно на национот во кој се родени, иако по духот се многу често повеќе Европејци од Европејците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Првпат те гледам тука, - рече Златко.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ако се бара здравје и напредок за овците, ќе се донесе или овца, или коза, некој стог сено за да се изранат 800те манастирски овци; ако се бара здравје за говедата, ќе се ариза ја само теле; крава или пак и двете заедно; да навали св.Димитрија потешко да се умножат поголема сурија) ако се бара услуга човек, тогаш со што ќе знае свети Димитрија оти тој и тој бара од него некаква заштита, ако не да ги гледа тука, пред него по една две години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Татко ми беше многу фер човек, кога дозна дека татко ѝ на стрина ми работел кај еден Србин, тој ѝ рече на стрина ми: Да одиш да си го земеш татко ти, тој е стар човек и да си го гледаш тука, има за сите леб.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Изѕемнет е, си мисли Максим и си мисли глупаво песиште, штом не го сетило дошлакот, гледајќи го Васила кој влезе во одајата и кој е, сè чини, изненаден што го гледа тука и во ова време зета си.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)