гледа (гл.) - таму (прил.)

Ти ќе ми го гледаш таму, да не се смеша во пуста политика, да ми го изедат, пцине.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Монах стои пред портите манастирски И гледа таму, отиде планините, отаде морето Минува Елена. Ѝ го препознава одот, Ѝ го слуша гласот и гледа Врз пладнето – сонцето ја запишува нејзината лика И ја остава пред него како икона.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ама гледам таму во тој автобусот еден од тие агентите мерка нешто.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таму се тие. Другарите негови. И себе се гледа таму.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не гледај таму, ми вели Оливера, бегај да бегаме!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше загледан напред, а кога се гледа таму не можат да бидат забележени сите оние работи, што ти се препкаат пред нозете.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Џорџ Смит погледна долу во песокот и откако долго гледаше таму, започна да трепери.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ја ценам дисциплинираната работа што се гледа таму! ВГ: Бета-фенетиламинот е хемикалија што мозокот ја произведува; кога ќе се вљубиш, нивото се зголемува.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не го знаев тоа кога ја пишував книгата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Му се јавив на Брус Стерлинг во Тексас, и му реков, „Дечкото се модифицира; може да прави традиционални стимуланси. Кажи, што може да добие?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)