гледа (гл.) - така (прил.)

Долго гледа така Соколе и му се чини дека никогаш не би му се здодеало да гледа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ако гледаме така на трудот и ако искрено сакаме да се оддолжиме пред нашиот народ, тогаш не ќе се извинуваме дека нема почва за културно работење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Јас сум. Љаке. Што ме гледаш така! - рече Љаке.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
На именката девојче, Ивона слатко се насмеа, но Виктор вистински ја гледаше така.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ве гледам цело време, и мене така мојов ме гледаше од првиот ден, и сѐ уште ме гледа така“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Машала, Сафет ефенди. Кај вас изгледа е лесно на верата да се гледа така.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И ги гледам така, ко болен што се гледа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ гледа така, си мрднува со ушите и се свртува, се губи во чадот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Што ме гледаш така, ми вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Трчаа мајките меѓу војниците и си ги бараа децата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кире го забележа тоа и праша: - Што ме гледаш така?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Турците ги пцуеја, фрлаа камење по нив, а христијаните се затскриваа зад ќепенците да не ги гледаат така исповрзани и гревовни.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Лидија ме вика Зоран, - рече и се насмеа, а веднаш потоа праша: - Зошто ме гледате така?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И кога нема да го гледа така, ќе го осуди на смрт.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Љубовта на мајката кон детето е љубов кон еден дел од самата себе. Една форма на самовљубеност.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се гледаше така, долго, заборавајќи на својата жед, а тоа беше главната причина, што со трчање дојде до езерово, оглувувајќи за рикањето на бикот Чако, што доаѓаше од далечината и ја цепеше гората.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Што ме гледаш така? Побрзај.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: (Цинично, откако ќе отпие уште неколку голтки.) Што ме гледате така, госпоѓо Христова?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Што ме гледаш така? Да. По неколку минути, сето ова ќе биде само една епизода за која веќе по три дена никој нема да си спомнува.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Го гледам така во лицето, па во џамаданот, па пак во лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го гледам така, секој ден увилен, само молчи и само се сука. Стои задуман и ништо не му се работи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И бааги време се гледаме така. Сега и попот молчи уплашено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој отаде, јас одаде. И се гледаме така, се срамиме, не знаеш што да проговориш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ме гледал така и чул нешто му тропнало. Господе боже, може да му тропнала пиралката, може да џвркнала водата кога ги цедев алиштата, кога ги усукував. И водата кога џврчка, така прави.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И како што гледаше така, подлипна, наеднаш ги преврте очињата крвјосани.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)