гледа (гл.) - секаде (прил.)

Гита го испрашува гледајќи го во празните, сиви зеници, без и да отвори уста, го прашуваат очите на неговите сопствени деца, очите на луѓето што едвај ги среќава низ испразнетите гета, погледите на оние 43 илјади луѓе што заминаа со писокот и чадот на локомотивите и што ги нема веќе, а тој, ете, ги гледа секаде наоколу.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Европа што ослободува и Европа што цинично уништува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Всушност, тој сакаше на сина си да му рече, ми студи, но обземен е од некоја белина и јасност што ги гледа секаде пред себе.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Господ, ако гледа, велам. Ако не заборавил да гледа секаде, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)