гледа (гл.) - првин (прил.)

Престануа да ја кубе тревата, го крева погледот и отворено ги гледа првин Максима а потоа и Костадина Дамчески: Ако ги оставев да ме отераат на ујќумат, вели, тие таму ќе ми направеа претрес.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој е насмевнат надмоќно, гледа првин во вратата зад која побегна Иван, па потоа кон собата на Неда. Вади цигара и пали.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)