гледа (гл.) - подалеку (прил.)

Знаев дека Билјана цел живот ќе оди, ќе се искачува преку сите ридови и планини, преку сите препреки што ѝ пречат да гледа подалеку.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Вујко им, кој имаше фотографски дуќан во Солун, и тој пргав и агилен каков што беше, отсекогаш гледаше подалеку од сите нив и од неговото сопствено, и од останатото семејство на жена му.  Вечерта откако децата отпатуваа, Моше и Нина не можеа да заспијат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Знаев дека Билјана цел живот ќе оди, ќе се искачува преку сите ридови и планини, преку сите препреки што ѝ пречат да гледа подалеку.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Санџак-бегот беше населен меѓу нив како сокол извидник кој гледа подалеку и од нив двајцата, и кој обично на вљубените им го заашкува патот, со тоа што им го покажува.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)