гледа (гл.) - повеќе (прил.)

Возот се движеше сѐ побрзо и побрзо. Не ги гледав повеќе.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
До самиот врв прескокнавме осум редови, сега, плитки ровови обраснати со висока трева, и на тој простор се гледаат повеќе `рѓосани куршуми и празни фишеци отколку дробен камен.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И што да гледам повеќе, си мислам, веќе ми е срам и ми е страв да го гледам повеќе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знаеш со што те гледа повеќе: со очите или со капата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Смрта не е ништо таа е природна, па јас можам да се справам со неа, ама ова горест... ова чудо од измачение на камбаните кои предсмртно биеа во мене сотрувајки ме до последно зрнце... јас не се гледав повеќе себе..... само некоја земска восочна фигура врвеше низ песпатот, тркалајќи се во густиот снег...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Тоа е просто, да не речам простачко, - го замолче Геро, не гледајќи повеќе во Евда колку во Ане. - Кажи нешто друго.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)