гледа (гл.) - онака (прил.)

Дапчињата зелени, кога ги гледаш онака како ништо да не се, а тежат ко олово. Ама јас носам, немам гајле.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Го гледа онака: личен, бричен, накитен како некоја кукла, знае да зборува, јунак е — може вујка и да го заколе и за неа е арно!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Само нѐ гледа онака, беспомошно, како прв пат да нѐ видел, што се вели, како да не нѐ познава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А тој, во валкани чизми, со левата нога малку свиткана, со десната рака зафрлена зад колкот на кој му виси пиштолот, потпрен на стап, стегнат во половината со широк појас и со два ремена препашани крстум на градите, таму, од бината, не гледа онака намуртено, под мустакот, и како да ни вели: “Бидете мирни, пезевенци, и слушајте ја Маријанти”...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)