гледа (гл.) - околу (прил.)

Знаеш, реков, не знаејќи како да го кажам тоа што сакав да го кажам, знаеш, реков, оној што сака да пишува гледа што гледа околу себе, го има предвид и она што некои други го рекле за истата работа, ама сепак мора да се осами и само во своите мисли да гледа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Не знам. Го однеле на лекување.“ Студен е здивот на смртта, проклета ракијо, се заниша беспомошно гледајќи околу себе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)