гледа (гл.) - некако (прил.)

Ширината опустува, остануваат само оние што се вртат на рингишпилот, и тие гледаат некако зависливо и нажалено дека не можат да рипнат, нестрпливи да запре вртењето и да се загнат по другарите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој е полн и црвен во лицето, страда од притисок но не може да се откаже од чашето, - се подистави малку со главата наназад, зашто е далноглед и не му помагаат многу ни очилата, а и книгата ја истава со левата рака и ја гледа некако искосо.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Мустаќите, ретки, му се оросија и тој се облизна. Гледаше некако под око.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Плус, ми се гледа некако „смотана”, како „загубена во вселената”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ја гледам и си спомнувам, еднаш мајка ми ми рече: „Да можеме да сме на иста возраст, мислам дека би биле добри другарки ние двете”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Куќата на Симона отспротива ја гледав некако смалена, како раскршена лаѓа што ја исфрлиле брановите.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Кој Пенчо? Беличот ли? зина Кузман гледајќи некако крај него.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Што е водена со ќумци, и тоа оддалеку е водена, та ако го разберат ова агите – отидоа децата – почна да се жали бабата и да го гледа некако сомнително калуѓерот, на чие лице јасно се покажа задоволство, а на устите скриена насмевка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мил стоеше залепен до прозорецот од својата лабораторија како некоја икона и гледаше во дворот, во прасето, но гледаше некако замислено, отсутно.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)