гледа (гл.) - напред (прил.)

Гледам напред, а уште нешто ми се присенува, ми претрчува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Мислиш дека си одговараат?“ - ја праша жена си со замислен тон, не очекувајќи одговор. „Ти што мислиш?” - му одговори таа со ист тон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Изненаден од новата појава, Јехуда се сврте и го виде возбуденто лице на таткото на Алегра, се подврати ја извади капата збунето поздравувајќи со мал наклон и кревање на капата, а потем забрза да ја стигне девојката, која стеснета од возбуда, споро чекорејќи пред него во улицата, гледаше напред за да ги избегне љубопитните погледи на стариците од зад пенџерите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Саздо преку ветробранот на локомотивата гледа напред - нервозен, загрижен, на извесен начин нестрплив.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Па и оние, кои се надарени подолго време да гледаат напред, не се облеани засекогаш со иста чистота и светлина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Затоа и се прашувам какви се тие луѓе кои се надарени да гледаат напред но за заедничка корист.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Само оној, најпрвиот е почист и поослободен од правта на времето низ кое поминуваат...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Додека е млад човек треба да гледа напред и само напред.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А ако му е дадена некому таа дарба да гледа напред верувам оти ваквата милозливост не е безгранична и дека однапред е одреден часот кога таа милозливост ќе секне!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сите да можат да гледаат напред, сите да ги гледа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Но девојчето молчеше. Потоа застана до една топола, се опре со грбот до стеблото и долго, долго гледаше напред.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)