гледа (гл.) - нагоре (прил.)

Се наоѓаа во салонот на еден брод што тоне, гледајќи нагоре во него низ сѐ потемната вода.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И двете гледаа нагоре во него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Гледа нагоре: наеженото птичиште го чепи клунот и гракнува: - Засрами се, момченце!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
АРСО: (Божем се мачи да најде спас.) Што да ти кажам, чорбаџи Теодосе...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Како да се куртулам од нив! (Се крсти. и гледа нагоре.) Господе, господе, господе, ти се молам, господе, избави ме од лукавите!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Стојам под крушата и гледам нагоре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И Никифор гледа нагоре, а ништо не гледа. Само еден куп весници „Нова Македонија“.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Башмајсторот го гледаше долго, долго, тоа извишено момче пред себе, а потоа пак гледаше нагоре, кон скелињата, сенејќи си со раката на очите, а најпосле пак се сврте кон оној.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На широчинката пред влезот стојат Вангел и Петре и гледаат нагоре. Крај нив застанува и Чана.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И гледав нагоре, да видам каква куќа сум ископал.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А таму горе едвај можев да видам светлинка: небото беше малечка точка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По месечина две раце си гледаа нагоре И низ многу темно со многу болка во душата Низ полето усама некаде си одеше човек.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
XV Зимата го измени вообичаениот тек на времето: не се знаеше ни како се разденува, ни кога се стемнува; стануваа луѓето наутро изнаспани, излегуваа од куќите, шетаа по чардаците, кашлаа, се миеја шетаа по дворовите, влегуваа во плевните и земаа сено за ајваните, шетаа по сокаците и улиците, гледаа нагоре кон небото но никако да се раздени; зората никако да пукне, виделина да се запокаже; петлите кукурикаа, ја најавуваа зората, но попусто: или тие грешеа или таа доцнеше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Погледот ко глуварче ни лета кон шумата. Гледаме нагоре и трчаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Витомир витка нова цигара и гледа нагоре во ламбата што црцори и примижува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас лежам и гледам нагоре, во сонцето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гледам нагоре, барам помош од небото, се молам. Ништо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)