гледа (гл.) - ко (прил.)

Кравата и магарето се вртат кон нас и не гледаат ко роднини.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се разговараме низ решетките, се гледаме ко животни во зоолошка градина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Падот во адот нѐ стори инвалиди со душите пелин, заробени темни се спремаат ѕверови да нѐ јадат живи а ние гледаме ко сведоци неми
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Барем со него ќе имам оправдување за да се вратам назад. Тргнувам, ама и маската ме гледа ко човек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Вади лична карта. - Да не имаш некои недозволени средства у тебе, го праша џандарот у цивил кој гледаше ко теле у личната карта.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И на средината од вагонот седи полицаец, а ние преку него се гледаме ко ѕверови.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се гледаме ко мачка и мачор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)