гледа (гл.) - збунет (прил.)

Мил и понатаму го гледаше збунето.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Скокнува, се разбудува уплашен и гледа збунето во татка си кој го успокојува и му ја брише потта од челото; гледа во автобусот, во подот што потскокнува, во луѓето кои молчат замислено, или дремат, во тилот од шоферот кој исфрла чад од цигарата што ја пуши, во прашината која влегува низ цеповите кога автобусот посилно ќе заграби по патот; гледа повторно низ прозорецот надвор и збунетоста сè уште му трае.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)