Откако сѐ извадија од ковчезите и купија од дуќаните уште дарови не само за зетот и за неговите роднини, туку и за сите што беа поканети на стројот, и се послаа простирките и по должината на целиот двор, пред лицето на куќата, од каде што ќе доаѓаат гостите, таткото нареди да се запалат фенерите на улицата и ламбите во одаите во чардаците, макар што не беше стемнето и се гледаше добро од дневната светлина...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
„Навистина ли и гледам добро?“ „Те уверувам, Марија.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
ТРОШЧЕЈКИН: Не гледам добро... Сѐ пак почнува да се заматува.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
К.К., замислувајќи се во мигот, и самиот како народен обвинител, судија и егзекутор, го избира соодветниот глас и продолжува, будно следен од А.А.: - Гледајте добро, внимавајте, за сите ликвидации постои апсолутната вина.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)