гледа (гл.) - внимателно (прил.)

Си влезе во кошарата, ја обеси сакмата на колот зад врата и излезе та го зеде Трајчета на колено и почна да го гледа внимателно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гледаше внимателно и без доверба: оној во црната рамка принесуваше запалено чкорче кон своето лице обраснато со мрак и со јаки сенки под јаготките.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Грета: Поодвратно кафе во живот не сум пиела! (Од шољата извлекува влакно) Како да е од куче! (Го гледа внимателно) Оние рунтави џукели полни со болви!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета отпива од кафето и веднаш го исплукува назад во шољата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Часот ми беше здодевен и долг.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Дежурната ученичка веќе го пријави како отсутен и наставничката по историја го запиша во дневникот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Наставничката предаваше, ја гледав внимателно, право в очи, веројатно мислеше дека сум многу заинтересиран, ама нејзините зборови летаа покрај мене и низ отворениот прозорец одминуваа надвор - во спокојното септемвриско претпладне.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Еднаш реков: минатото не постои за ништо друго освен да поттикнува разговори и спомени.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А времето навистина беше веќе отворено и можеше да го листаш како оној албум со слики на братучедата Роза, и, разлистувајќи ги страниците, ако гледаш внимателно, ќе сретнеш секакви лица: и насмеани, и зачудени, и несеќидневни, и обични; само расплаканите не ги спомнувам бидејќи секој си ги брише очите пред да застане пред фотографскиот апарат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)