гледа (гл.) - веќе (прил.)

Таа мкогу се изненади кога некој рече: - Не се гледаат веќе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Драго ми е што јас ќе се спасам додека сите свои ги гледам веќе согорени, како гламни поцрнети од огнот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Чувствувам и гледам веќе земјата како ми пука под нозете суви усни во стотни трески.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Пред мене гледав веќе како почнуваше да се меша жолтото од сонцето и изгореното жолто долу на земјата и како полека сето тоа станува пепелаво.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од неговите очи не гледаше веќе бик туку покорен и итар пес.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Еве, го, го гледа веќе безобличниот човек, виновникот на неговата кловновска сентименталност, на неговото паѓање.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И кога се качивме на камениот мост, кај Газаната, гледам веќе некој се качуваат на другиот каменен мост и му велам на Анѓелета: Стигнавме, тие кај Плачиврби додека се наплачат и разделат ние сме кај нив.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Благословено е делото на Јуда Макаби, врви низ главата на Елеазар бен Цви повторената бенедикција за Макавеецот, зашто Господ прави чудо и менората со она малку масло наместо само еден, гори цели осум денови и го осветлува и осветува Домот на Севишниот и Единствениот бог на кој одново му се принесуваат жртвите во Хамизбеах.  Раби Елеазар бен Цви не гледа веќе прикази.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Молчи, момче“, рече жената. „Сѐ знам. Знам кого браниш. А сега дојди да ми помогнеш да исцепам дрва. Треба да зготвам вечера.“ Но јас не појдов по неа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Кого бранам?“ „Ганка.“ Не ме гледаше веќе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
До последниот ден не знаев дали ќе ми даде согласност и пари, како да се гледав веќе како работник во задругата Граничар и се разбира тој последен ден го преседов на таванот квасејќи си го лицето со солзи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Не толку разочаран што никој, ни од публиката ни од актерите, не побара да го види авторот искачен на сцената, туку како повеќе здивнат што не ги гледа веќе нивните напоречки погледи како во атарот да им упаднал даночник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Си го гали стомакот, не е нервозен...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не гледа веќе ништо без наочари...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Опуштен пред каминот, распуштен, вцрвенет...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не ги гледа веќе дури ни фенерите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ме погледнува бидејќи го прекинав...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Од неговите очи не гледаше веќе бик туку покорен и итар пес.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Да не го гледам веќе ова што го гледам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- И пак гноење на нивите и пак орање, вели Мирче, една работа завршуваш, и само што си се обѕрнал, - гледаш веќе друга работа те чека...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)