гледа (гл.) - цел (прид.)

Од него се гледа целата борова гора од Трибор нагоре до Перун и Самовилска Тумба, надолу од Српјановац до Козјак — Лигураса — Куша, Камчева Орчица, та дури до Минев Рид.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Абе шо ме боли стапов за него. Глеј целиот имот шо го конфискуваа.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Впечатоците натежнуваат, ги бележиш, колку можеш и додека тоа го правиш пред себе гледаш цел филм од сето она што се случило.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од височинките на Солун се гледа целата рамнина, целото просторно и широко Солунско Поле...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Како да го гледаше целиот Балкан, целото некогашно царство, со свои најразлични претставници, во градот распослан на бреговите на Европскиот и Азискиот Континент.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го гледам целиот тој предел како да ми е на дланка, но истовремено тој е колку една ледина на која јас како да сум дојден на викенд.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ве гледам цело време, и мене така мојов ме гледаше од првиот ден, и сѐ уште ме гледа така“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Беше штипјанец по потекло, а живееше во Риека, во трикатна куќа - највисоко, горе и од балконот, како од видиковец, се гледаше цела Опатија, Ловран и неговиот град како да се еден.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ноќе ја сонував, бледа како Богородица; многу често ѝ ги сонував само колената, колената на Луција, и не ја гледав цела; колената ѝ беа слаби, измачени, и јас само можев да им се восхитувам на тие колена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Одовде се гледа целото населено поткале, многубројните маала, убавите куќи и сокаци послани со бела калдрма, а реката, таа е во провалијата, страшна и бујна, таа ги лиже ѕидиштата на тврдината, западно од неа, ги лиже како куче раните, се витка пред господарот, цивка, и веднаш заминува по задача.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Чардаците пак и конаците покрај манастирот, кои ги подигнаа скопските папуџии од еснафот, за Тодора беа како чардаци ни на небо, ни на земја од приказните на мајка ѝ и постарите сестри, зашто со око што добиваше крилја од нив, се гледаше целата котлина и Вардар, и се леташе високо, а не се паѓаше длабоко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Од задната страна на собата, кон брегот, немаше прозорци, а отспреди, имаше два и, оттаму, бидејќи куќата беше поставена високо, се гледаше целото езеро таму дури до Лерна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И кога наскоро излегоа на првата височина, откаде што се гледаше целата околност како на дланка, пред очите им се покажа радосна глетка: во самото подножје на планината, низ високите пченки и приведените главички на сончогледите, раздвижени како мрави, работеа младинците, се разнесуваа тврди удари од копачи и лопати, а во должина од неколку стотини метра се црнееја купишта од ископаната земја....
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кога се повратив, што се вели, кога ми се врати плавта, пред мене го гледам целиот иследнички штаб.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
15. Во пештерата нѐ гледа цело Политбиро.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
11. Хотелот Гранд е во центарот на Корча. Од седмиот кат се гледа целата околина и градот гледан од тука - лежи на дланка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Остар свиок пред црквата Св.Ѓорги и десно широк паркинг од каде се гледа целиот видик на источниот преспански брег што на север почнува во Асамати и на југ завршува на Превалот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во утринската ведрина од тука се гледа целото Костурско поле, Костур, езерото и околните села.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На таа прва приредба ние -првачињата - учествувавме со едно рециталче за буквите: триесет и една буква, триесет и едно прваче бевме присутни на сцената и како декор, како венец од најубави цветови.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Така ја слушавме и гледавме целата приредба. Најмногу ме восхити мандолинскиот оркестар.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Патот беше понизок од меѓите и луѓето не се гледаа цели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тате гледаше цела една минута кон Марс. Потоа наслепо ја испружи раката кон мене.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)