гледа (гл.) - сопствен (прид.)

- Чудо големо ако не се гледаме, си мислев јас – не се оди на фестивал да се гледа сопствената мајка, туку други луѓе и случувања.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нека нè земе еднаш со себе, па ќе се увери дека нема воопшто да нѝ недостига.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во меѓувреме ја добива Златната роза на Американската академија на уметност и книжевност. Burroughs е класик, џин на авангардната уметност кој смее да го гледа сопственото прогласување за светец.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во тоа ја гледаат сопствената среќа и иднина...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
По пет века Тицијан си го гледа сопственото платно со баретката на Че Гевара и си мрмори нешто сам со себе.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Царствата пропаѓаат полека, отмено.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сака така замижан да си го гледа сопственото царство.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)