гледа (гл.) - нивен (прид.)

Мажјето нека си а гледаат нивната работа, ние ќе си а гледаме нашата! — беа последните зборови на Митра околу ова „важно" прашање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секогаш пред легнување се слекуваше гола пред огледалата и со својата убавина ги возбудуваше: се грабеа огледалата кое побргу да ја фати и што подолго да ја здржи во себе: некои ја фаќаа во профил, некои анфас, некои одзади; таа ја гледаше нивната возбуда и како да сакаше што повеќе да ги излудува: се доближуваше де кај едно, де кај друго, де кај трето, де кај четврто...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Нивните лица не ги гледам, но ги гледам нивните чевли, нивните празни ногавици.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А ги гледам нивните празни ракави, ногавици, пачавици и од секоја по малку плач ми се собира.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)