гледа (гл.) - наш (прид.)

Мажјето нека си а гледаат нивната работа, ние ќе си а гледаме нашата! — беа последните зборови на Митра околу ова „важно" прашање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Излези, попе, на страна, — промрмори Арслан и му нареди на Рушидчауш да слезе со петина заптии да ги варди тие што ќе ги оделува на страна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ние си а гледаме нашата работа, орање, копање, жетва, вршење, што знајме шо прават и кој се батакчиите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Деветтиот ден по овој настан (дотогаш пак не го гледавме нашиот другар), во градот пристигна гостот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ќе молчиме и ќе ја гледаме нашата мртва птица изгубена на модрото небо.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
– „Сполај ти, Господи, сполај ти, си рекол сам со себе Силјан, дали на Крушово се наоѓам овде и го гледам нашето поле?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ќе спијам во славејчево гнездо, довикнува, И ни едно ни две, туку ги рашири рацете како воскреснат Лазар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе лета и од облаци ќе ги гледа нашите штури нивички.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А во меѓувреме, ја расипаа црквата што се наоѓаше во манастирот и од неа направија клуб.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Потоа долго во ноќите, гледајќи во мракот, ги гледавме лицата на нашите најблиски, ги гледавме нашите ливади, кориите, ридиштата и планините, чешмите, лозјата, реката и сонувавме, сонувавме и плачевме во сонот...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дали му се присторуваше од пресилно читање и мислење, тука до Мајка, не сакаше да се одреди, но беше повеќе од сигурен дека го гледа нашиот семеен пријател Гури Порадеци, кој пред неколку години, со стариот семеен чун нè пренесе од едниот до другиот брег на Езерото. И така станавме емигранти.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)