гледа (гл.) - жив (прид.)

Со неа ќе ја откријам лирата со која Ахилес им пееше на своите војници; со неа просторите ќе ги заробам во време и како граница меѓу столетијата ќе ја оставам својата надеж во која – сѐ понатаму ќе се пресоздава и множи; со неа јас ќе одминувам и ќе се враќам во ѕвездите; необјаснивите знаци на луњите и на пустошот, низ надежта ќе ги пресоздадам во тајнопис кој како жесток призив: мртвите ќе ги гледа живи – живите мртви а татковината во мртвите ќе чита свое спасоносно писмо. ***
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Да ти е жал да ја гледаш жива.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Букинистот убаво го позна, ја симна беретката од глава, се прегрна со Камилски и радосно му рече: Monsieur Clement, каква среќа што те гледам жив и здрав, мој Шпанецу, мој Балканец?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
– Да гледаш живи луѓе да се печат, зар може да биде неинтересно? – му одговори аџи Рампо, сега Рифат-бег и тој вадејќи ги своите бројници што ги донесе од Ерусалим кога отиде да стане аџија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Стрчаа сите кон него и почнаа радосно да го гушкаат, среќни што го гледаат жив.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)