гледа (гл.) - актуелен (прид.)

Се обидував најчесто да не бидам арбитрарен коментатор на настаните, туку да ја задржам својата дистанца, без да бидам заведен од дневно политичката мимикрија во потрагата на континуитетот на мојата раскажувачка мисија, која ми ја припишуваше Елен Лејбовиц. 15 март 2001 г.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Со обидуваше со картезијанска проникливост и резон, со исклучителната асоцијативна логика од текстовите на мојата балканска сага, како од еден вид огледало на меморијата, да ги гледа актуелните историски настани и во нив да ја претпоставува судбината на потомците на носителите на балканската сага, посебно нараторот и неговото семејство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)