Јас и Санде се најдовме заедно и од зад еден плет гледавме накај крушата.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
- Немаш потреба од дезодоранс, - настојуваше мајката упорно гледајќи накај телевизорот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Лазор кој ја има едната, десната рака ставено на чело, над очи, и гледа накај Коритница, и Јосиф за кого не се знае дали спие или одшто е капнат од умор ја има главата потпрено на ѕидот и замижан гледа некаде во далечината.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На Лазора, изненадеж, очите му пливнуваат во солзи, а потоа солзите прибликуваат и течат прудолу по лицето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Пејачките и оркестрантите стоеја како шпиртосани на подиумчето и тапо гледаа накај масата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
На широката минсофа, послана со меки шилтиња и со долги извезени перници потпрени до ѕидот под прозорците од големата одаја што гледаше накај езерото, седеше Аспасија, мајка ѝ на Викторија, и тапо, беспомошно гледаше во стројничката излегната на перниците, како во своја куќа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Од помислата почнаа прво да ѝ се потат дланките, а потоа да ѝ се оросуваат нежните влакненца над горната усна.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)