Гледаа до каде бранчињата го отиснале чунот на езерската шир и дали доволно се избегани од селото каде што понекогаш во утринската тишина ќе ја чуеја камбаната која огласуваше нечија смрт.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Колку повеќе и повисоко се придвижувам да го допрам ѕзвезденото небо, како бел галеб во просторот те гледам до границата на видикот...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Јас сфаќав дека тој сакал да ја гледа до себе во летните вечери облечена во тенко и онака миризлива и мека.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)