гледа (гл.) - човек (имн.)

Си а гледа човекот женичката како говедарот стелната крава: да му се отели за да срка кутмач".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да се гледа човекот низ неговата националност најнапред е простачки, а потоа е и понижување на оној што така го гледате и на себе затоа што ја прифаќате неразборитоста на таквото судење.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Кога ме гледа човек би рекол дека имам изразито спуштени слепоочници.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Ме разбуди ѕвончето. Ја отворам вратата и гледам човек, т.е. дечко. Висок два и кусур метри.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Азра целосно му се доверуваше на Авни. Во него гледаше човек со душа. Со срце.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Ама, брату“, реков смрзнат, „зар ти?“ Тој ме погледна зачудено како што се гледа човек кој не го сфаќа она што треба да се сфати, а кое е толку просто.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Влезе во црквата стрештен. Повеќе од шеесетина насликани фигури на најистакнати патријарси, епископи и ѓакони го гледаа човека од сите делови околу олтарот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И упорно и дрско го гледаше човекот со рапаво лице чиишто најадрени и тркалезни очи блескаа сурово, набабрените усни на јужњак се оптегнуваа во покровителствен смев.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Еве нѐ пак - седиме на Монпарнас но за сега молчиме. Од кај шанкот нѐ гледа човек со модра сенка спуштена од десната веѓа до брадата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сретнувам еден човек, ме гледа човекот, го гледам и јас него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знае како ми е мене. Мене и не ме гледа човекот, ја гледа само ракијата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Гледам човекот е пренесен, вели Мисајле, не знае каде е, не знае што зборува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)