Тој виновно се врти на местото, скришум гледа час во старецот, час во неговата жена која се движи лесно, нечујно, - ја реди табаката, да го почести со слатко.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Не си му кажала? - тетка Марија продолжи да се смее и да гледа час во мене, час во тетка ми, која имаше поцрвенето лице од лутина и молчеше.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ракавите ѝ беа засукани, а околу неа како одеднаш да се имаа создадено неколку крпи и кофа.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Близу границата ми пријде несетум една жена од моите блиски по мајчина линија, индиректна рода и ме гледаше час со извештачена доза на благо сочувство, час со извештачена доза на сожалување, којзнае која беше вистината.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Гледајќи час во водопадот, поттикнат од блаженото чувство праша: -Зошто се чувствувам среќен во моментот кога ќе се присетам на мојата Ирена! Објасни ми?
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)