гледа (гл.) - умирање (имн.)

„Еден се смее, други плачат. Кога ќе нè покрие земја, и ние ќе се смееме.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пак се собравме околу огновите. Со ококорени очи го гледавме умирањето на пеплосаните гламни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„А сепак,“ му реков на брат ми, „погледни ја оваа слика – не е ли овде трагиката најсилна, во овој миг кога мајката го гледа умирањето на својот син?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми молчеше. Јас ја подадов раката кон сликата, кон очите на мајката застаната крај синот што умира, кон распнатото тело кое издивнуваше пред очите на онаа која го родила.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)