гледа (гл.) - улица (имн.)

Тој ѝ ветуваше сосема обични нешта, толку обични, што луѓето не ни помислуваат да си ги ветат едни на други.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го слушавме Макс како ѝ ветува заедничка постела во соба со прозорец од кој се гледа улица по која врват луѓе (толку слично а толку различно на прозорците од кои се гледаше парк по кој чекореа пациенти и доктори), ветуваше денови во кои ќе си ги учат децата да зборуваат и да се радуваат, ветуваше колку ќе бидат блиски нивните тела и пред заспивањето и во сонот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Најпосле, најстариот брат се искачи на високата ду­динка, доволно високо за да ја гледа улицата, па кејот, Ка­лето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)