гледа (гл.) - телевизија (имн.)

Тато гледаше телевизија. Мама полека пријде до телевизорот, нешто му рече на тато и го исклучи, а мене остро ми заповеда да седнам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ја мајката, и тоа да не го пишува на внатрешната страна на ѕидот на лотката од стар весник?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ти влегло во навика да бидеш здодевен и не знам зошто те трпам, како што не знам зошто секоја вечер пред да излезам на кејот гледам телевизија.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Она спрема појадок, он јаде, он оди работа, он дојде дома, он вечера, гледа телевизија, оди спие.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Независно на сè, тој беше некако сигурен дека кога таа ќе излезе од бањата, ќе дојде во дневната да му се придружи да гледаат телевизија како што обично правеше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тој го открши залакот леб и загризувајќи се врати да гледа телевизија.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
По некое време таа седна на фотелјата отспротива да гледа телевизија, но некако со готовност истиот час да стане.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ми забрануваа да размислувам подалеку од денес, да гледам телевизија, да читам весник.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Бела имаше 29 години, а Јанос Лазар 31 година кога ја затворија вратата и почнаа да гледаат телевизија.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Ќе одат на некоја претстава, ќе слушаат радио, ќе гледаат телевизија, ќе играат карти, ќе ги стават децата в кревет, и самите ќе заминат да спијат, како и секогаш.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Гледа телевизија и пегла. Чита „Дневник“ и чисти грашок.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Една вечер Дора и Ане си седеа во собата додека големите гледаа телевизија.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ако де, пробај, - ми рече повторно Дино и ми намигна низ насмевка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тогаш сакаше да гледа телевизија во дневната соба, а мајката на Ане седеше до него и молчеше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дино отиде да гледа телевизија и ме викна и мене да седам со него, но многу ми се лошеше од месото што почна да ми се превртува во желудникот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
После стана, ме погледна и рече: „Гледаш телевизија”. И отиде.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Гледав телевизија. Го прашав што сака. Молчеше.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Просечното американско домаќинство гледа телевизија 7.5 часови дневно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Речиси сите бизнис- трансакции се раководени со софтверски програми со кои се комуницира преку мониторите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Седнуваат ли потоа да ручаат, па да се одморат по ручекот, па да испијат кафе на терасата откако ќе станат, па да телефонираат на неколкумина, па да излезат навечер некаде сами, или со децата, па да гледаат телевизија, па да...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Од каде пак ќе биде способна, кога, наместо да научи како тоа да го прави, гледа телевизија и си разговара нешто со татко ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Секој седнат на своето место во дневната соба, гледавме телевизија или разговаравме. Обично беа тоа интересни муабети.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Можеби сега удобно залегната во фотелја си гледа телевизија, а можеби и спие, а мене којзнае што уште ме чека.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Станував сè повознемирена и сè понеутешна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И никаде да не мрднува. И никогаш!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Е, не е точно, не е точно, можеби кога бев помала, сега веќе не – ептен се изнервирав, дури и солзи ми дојдоа од лутина поради неправдата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Па, кога вам ќе ви текне – со мајка ви, а кога ви се игра, кога ви се гледа телевизија, кога ви се оди со деца на летување, тогаш нека седи мајка ви дома и нека ве чека.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не брани ја, Бреза би можела по цел ден да гледа телевизија, и тоа сè некои глупости, цртани филмови, реклами...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)