гледа (гл.) - снежинка (имн.)

Сѐ почесто знаеше по цели часови да остане на прозорецот и да ги гледа снежинките, не мислејќи притоа на ништо друго, а потоа ја дофаќаше книгата со народни приказни и којзнае по кој пат се занесуваше во тие долги и познати творби, секогаш повтор откривајќи во нив по нешто ново, што не го знаел во таа книга.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега ги гледаше снежинките, беа меки и сигурно го имаа оној скокоткав допир, како прстињата на пеленаче по твоето лице.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)