Зад него, исчекорувајќи од длабочината се појавува Давид Давидовиќ одамна заминатиот маж на Бенвениста и застанува, како што личи во оваа пригода, покрај пресреќната сопруга, онаков каков што го знаеа во најдобрите денови, само сега со свечен и светнат израз на лицето.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ако дошло време, пустата ѕвезда да ми се смени, тогаш нека биде подоцна, на пролет, лете, во убаво време, му велеше, зашто цел живот само за тој суден ден се мачела; коски ѝ скапувале да му помогне на мажот ѝ да прикупат уште нешто од ридот, но да има и нова руба за тој миг, за тој ред; да не велат луѓето: ѓупка, питачка, туку кога ќе ја носат низ селото во отскриен ковчег, да ѝ заблазнуваат во алиштата и накитот, да велат: гледај, гледај синот ѝ ги ставил и златните обетки и златниот прстен што си ги чувала за овој ден...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И да не се молиме само овдека во светиов храм, вели, и не оставајте ги молитвите само за овие ѕидови од кај што нѐ гледа синот господов и неговите апостоли.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
На нивниот осумнаесетти роденден, на кој се собраа сите роднини, една од тетките, зборлива како повеќето добродушни жени, забележувајќи го таткото како горделиво ги гледа синовите, го праша: „Кој од нив повеќе личи на тебе?“, на што сите присутни се насмеаја. „Тој“ – рече.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Додека го изговара древниот текст на свадбениот договор, Јехуда ги мрда усните, а потоа кога сè е завршено, го крева погледот кон мајка си, која го гледа синот со милост потврдувајќи му со главата во знак на одобрување.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Небаре самиот крал Волкашин порачал да си го гледа синот и на живопис?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Му правеше задоволство на новиот поп да го гледа сина си пред него и да му бара чаре за здравјето, бидејќи други машки деца немаше.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кога го гледам Висара, ми се чини како да го гледам син ми. Зашто беа неразделни другари“.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)