Полковниците намовнуваа. На неколку чекори од нив одеа селаните, та каде што ќе погледнеа полковниците, погледнуваа и тие - како првпат да си го гледаат селото.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Назад- зад куќарчето планина на која се гледа село со растурени куќи овде-онде е ретка шума.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Само што се искачија на рамницата од каде што се гледа селото, Никола се опушти, се симнаа од коњите па им заповеда да легнат да се одморат.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)