Вандализмот на рускиот уметник Александар Бренер на почетокот на оваа година во Стеделијк музејот кога тој со спреј нацрта зелен долар врз 52 okno.mk сликата „Белиот крст на сиво“ (1920-27) од Малевич, ми изгледаше како необичен и бесцелен чин на насилство, со единствена цел да се привлече вниманието на медиумите.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Како и да е, Giancarlo Politi, главен уредник на Flash Art, ги гледа работите во друга светлина.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ете затоа, алчните судии, но и адвокатите – коишто, според зборовите на Махатма Ганди, се нивните „први братучеди“ и кои „попрво би ја продлабочиле кавгата, отколку што би ја решиле“, воопшто не ни гледаат работите да ги направат поразлични од она што сè.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А токму поради еродираниот морален хабитус на медиокритетскиот и малодушен феномен наречен „македонски судии“, насушно е потребно, добро и правично [bona et aequi], да се регулира 308 оваа „сива зона“ – со цел економски помоќната страна да не ја злоупотребува својата доминантна позиција на пазарот на труд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Всушност, диспаритетот во моќта на пазарењето меѓу работникот и работодавачот е уште понагласен со енормната разлика во богатството и општественото влијание на договорните страни – но, нашите кутри судии, сепак, не сакаат да бидат социјални реформатори.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ги гледаа работите правилно поставени: знаеја за кармичкиот закон на космосот и неговите казни, за враќање на лошото, врза нив или нивните поколенија ако постапуваат лошо!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
„Да бегаме, да си гледаме работа“, рече трета и тргна да си оди.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Пискулиев никогаш во животот и не помислувал дека ќе се најде во ваков капан, зашто тој имаше основа да го смета ова место не за мирни граѓани што си ја гледаат работата и единствената грижа им е да си минат незабележано и никого да не настапат.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тој сега ми кажа дека не е крив и дека така наредил воспитачот, а нему му рекле да си ја гледа работата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ќе мораме да се прибереме во внатрешноста да видиме што ќе стане.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тоа нешто, ете, и ние, штабот го прифативме и решивме да ги ослободиме од секаква обврска таквите наши луѓе, да си одат по дома и да си ја гледаат работата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А вие, бре, стари магариња, зашто не учите вашите деца да гледаат работата, ами правите ајдути од нив?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Народот — рајата си а гледа работата и бити вајда.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се исправи, ги извади очилата, ги забриша со шамивчето и почна да ги префрла нервозно од рака в рака, па почна сам да си зборува: — Бак, бак, бак, пис милет, бреј! Не сетит да гледат работата да живејит, туку матит вода во аван.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се замисли длабоко, па како да се присети нешто, плусна со рацете.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Коџабашијата отиде на ритчето над село откаде стрелаше утринава Толе и почна да вика кон блиската шума „Грбавец", не гледајќи никого, но знаејќи дека половината селани се засолнати во растот, пештерите и во Николовите колиби: — Еј, селани бреееј, уоооо!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Зати и така беше.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Само кога би можел некако да им јави дома да не се грижат, да им јави дека сѐ ќе издржи, сѐ ќе поднесе, а тие да си седат спокојно дома и да си ја гледаат работата, полесно ќе му беше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Па и тука секој си ја гледа работата... А се познаваме, разговараме, - Бојан ги стави рацете на уста и викна силно, оптегнато, та планината екна од неговиот глас: - Еееј, Кирилеее!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Никого не познаваш... И убаво ти е, а? - Па ни убаво, ни неубаво... Онака... Секој си ја гледа работата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Нејзините домашни сѐ помалку ѝ беа од помош; старите старееја, а браќата и сестрите ги зафати бранот на градскиот успех па си ја гледаа работата и живеачката.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Или, нешто подоцна, прво констатира - после перцепцијата на столот во собата, дека “вака секој би требало да ги гледа работите онакви какви што тие навистина се”, а веднаш потоа поставува сомневање: “...кога некој би гледал постојано вака, никогаш не би посакал да работи ништо друго...во тој случај, што со другите луѓе?
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Знаете, многумина рано-рано ќе го донесеа кучето, ќе ни го оставеа врзано и одеа да си ја гледаат работата.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Треба да си ја гледа работата и ништо друго.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Чувствував, според нејзиниот глас, дека не лаже; но тоа отвораше сериозни прашања во врска со моето душевно здравје: ако е така, тогаш јас сум почнал да гледам работи што се невидливи. И да слушам работи што се неизговорени.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Песимистички ги гледа работите и е многу далеку од секаква радост – рече старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Еднаш пак на Јона да му текне: ќе ми ја гледа работата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ги пасат коњите, ги навртуваат покрај патот и ми ја гледаат работата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Татко, уплашен да не ја продолжи Камилски караницата со бригадирите, го повика со засилен тон да си ја гледаат работата, а тие нека си пеат Америка и Енглеска бит ќе земља пролетерска!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
За време на анализирачкиот процес на формите, Frere-Jones почнал да гледа работи „со кои јас сосема не се согласував“, и по неколку недели работа над буквите, сите биле различни.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
А сепак, следниот ден по погребот, тој ми рече: Јас ќе си ја гледам работата, ама тука сум, ако нешто ти треба.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Нека бидат живи и здрави, од наречници не се куртулуа, — рече Рожденката и отиде да си ја гледа работата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ми се гади од тоа својство на разумот, можеби и од сите негови својства, да ги гледа работите такви како што не се додека се чувствуваат, од таа парцијалност и исклучителност ми се гади.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Ривиера исто така ја претставува фрагментираноста на телото. Луѓето така ги гледаат работите, понекогаш, со крајчето на окото.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
ТЛ: А Армитаж? ВГ: Тој е синтетичка личност, лик на којшто сосема му недостасува карактер.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Како што вели Моли, „Овој не прави ништо кога е сам“. Тоа е некој вид пост- Виетнамска состојба.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Да речеме дека секој треба да си ја гледа работата, да си ги исполнува своите задолженија, да се почитуваме и да наоѓаме разбирање едни за други - па така ќе ни биде убаво на сите, и на децата и на родителите, и на возрасните и на младите.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
- Значи, - се замеша и Коте, - можат да си ја гледаат работата, - рече, зошто сѐ повеќе почнуваше да мисли на мисериштето и на компирите.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Знаат да си ја гледаат работата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
— Ко чкулава да сум, вели, никаде не ми се гледа работата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
За да не ги видат Еворпејците, натераа Цигани да ги измијат тие локви, издадоа наредба да се отвори чаршијата и објавија дека секој е слободен да си ја гледа работата“122.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
И треба да размислиш кој е лош, тие или ти, - рече мама и отиде да си ја гледа работата...
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)