гледа (гл.) - прст (имн.)

Темно е, не се гледа прст пред око и само од време на време кога светнува секавица, Мече со ужас гледа дека се возат не на чун, туку на шаварно острово ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Долги до под колена, ракавите ги подвиткувавме повеќепати за да ни се гледаат прстите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога не гледаш допирот добива очи - ти гледаат прстите и устата, а нечие стапало гледа во тебе.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)