гледа (гл.) - лице (имн.)

Гледам тело свиено и рането, а ги видов и тие усни со горда и мрачна насмевка.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На прозорот од стариот дом гледам солзи, гледам лице бело и уморно. Очи натежнати од товарот на денот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не им ги гледаше лицата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не му го гледаше лицето, дозволи да ја води.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Наоѓајќи се очи в очи со смртта, му навираат зборовите од дедо му Аврам: „Животот е ткаење килим” врвиш со сновалката низ него, редиш јаток по јаток, конец по конец, јазол по јазол, шарка по шарка и не му го гледаш лицето зашто го ткаеш од опачина...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На самиот раскажувач не му се гледа лицето.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Гледаше лице на момче залеано од виделината што паѓаше од високиот прозорец и од тоа изгледаше тенко и бледо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сонувачот, след чудните механизми на сонот, чувствува како го облева задоволство.  Макс Мертен фрла поглед на календарот и констатира дека е 13 октомври 1942, па помислува дали баксузниот датум е добар за ефикасно отплеткување на крупниот јазол, пред три месеци врзан околу вратот на еврејската заедница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тогаш брцнува со раката во внатрешниот џеб, и види, оттаму си го вади лицето, тенко како флиспапир, го положува онаму каде што треба да стои, го притиска со прстите и кога ги тргнува дланките, гледа како од огледалото го гледа лицето на Фирерот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Над заедничкиот гроб на момчоците што пред три години ги заклале преостри јатагани, неколку мајки, како и секогаш во претпразнични ноќи, доаѓале со свеќи да се молат за синовите, најмладите светци во стојбината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со тага ги гледал лицата на жените во црно и под црни забратки, бледи и издолжени месечини на црно небо, меѓу црни облаци и над црна земја; како под заповед клекнале и ја допреле со чела камената плоча со голем крст, поголем од крстовите на соседните игуменски гробови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А во меѓувреме, ја расипаа црквата што се наоѓаше во манастирот и од неа направија клуб.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Потоа долго во ноќите, гледајќи во мракот, ги гледавме лицата на нашите најблиски, ги гледавме нашите ливади, кориите, ридиштата и планините, чешмите, лозјата, реката и сонувавме, сонувавме и плачевме во сонот...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се плашеа да разговараат со него, се плашеа да го пуштат преку праг, се плашеа да му го гледаат лицето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ја подигам тогаш главата... Го гледам лицето на мајка ми веднаш до моето...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не ја држам добро... Се откачува...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Пак пркна... Ми киднува... Има сила...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не му се гледа лицето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Таа го чешлаше онака како што нејзе ѝ се допаѓаше, со патец од левата страна, а тој ја чешлаше префрлувајќи ѝ ја косата преку вратот и ставајќи ѝ шноли отстрана кај слепоочниците за да ѝ се гледа лицето цело.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ќе се загледам во некое војниче и, наеднаш, над неговата глава, како да ме гледа лицето од Ангелета мој.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)