гледа (гл.) - крај (имн.)

Глелаш, тука еднаква е земјата - каменеста и тврда и патот правлив, истапчен и чиниш никаде не му се гледа крајот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Верижен систем на пропаст од кој не се гледа крајот. Ебате животот ништожнички.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Беа свесни дека им претстои голема макотрпна работа на која тешко ѝ се гледаше крајот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Значи дури откако просторот беше прелиминарно посветен, можеше да се помине на светиот говор, возвишеното проповедање на „српскиот национален интерес“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Нашите лежерни и самодоверливи писатели се фасцинантни, не ѝ се гледа крајот на нивната “дива фикција”, новиот литературен жанр, со кој ингениозно ја задолжија, старата поетика на фалсификување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Поведи ме, Господе, кон престолот свој, оти на мојот живот му се гледа крајот и времето да ти се придружам дојде.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пресуди им праведно на душите што ти ги носам, спаси ги од изгубеноста во вечниот мрак и дај им прошка и утеха. Амин“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Веќе се чувствуваше опуштено што на својата работа ѝ го гледа крајот и го охрабруваше тоа што, најверојатно, зелениот блок ќе биде испишан до последната страница.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во победата на толпата и исчезнувањето на интелигенцијата Кулик го гледа крајот на културата, свесноста и антропологијата воопшто.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
На Роса ѝ е незгодно од зборовите на Пелагија, та таа само ѝ се најде после настаните во пресноизораните бразди во нивите на кои не им се гледа крајот ако си на почетокот или не им се гледа почетокот ако си на крајот!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Соба за умирање, се сетив дека така ја викавме просторијата во која ги носеа оние жители на Гнездо на кои им се гледаше крајот на животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Клара ме фати под рака, а под другата рака ја носеше перницата, и излеговме од собата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Доселениците од Македонија во Венеција не ги читаат босанските поети кои пишуваат за потонувањето на градот – чуму да се чита потонувањето, велат, кога ние секиден го живееме тоа, чудо големо, градот потонува, ама ние секогаш сме над вода, мешаме малтер за обнова на старите палати, во малтерот, напати, за курбан, мешаме и по некој спомен од детството, а каде што треба, во обновените ѕидови на операта Феличе, на пример, заѕидуваме и по некоја нашинска песна, да се најде ако затреба, а каква што е непредвидлива иднината, секако и ќе затреба.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Така велат доселениците од Македонија за пропаѓањето на Венеција: ако било пишано да се пропаѓа, тогаш нека се пропаѓа барем отмено, сосе Венеција - живо сведоштво дека на селидбите на Македонците сепак не им се гледа крајот и од највисокиот морски светилник
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
- На фашизмот му се гледа крајот, - продолжи Игор Лозински. - Се сторија големи зулуми.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- На фашизмот му се гледа крајот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се гледа крајот и на оваа империја на националистичкото зло.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И ајде, ајде, алипна ми е ногата, а патот, ко пат: никаде не му го гледаш крајот, не го познаваш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)