гледа (гл.) - жена (имн.)

И домашните мажи, за да не го гледаат тоа, то ест за да не ги гледаат жените така засукани, намерно излегуваа на полето, или го поминуваа денот, во меѓусебни разговори, на сретселото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ни на сон не можев да претпоставам дека уште тогаш, кога вежбавме на разбојот, и тој ја гледал со исти очи како јас што сум ја гледал, како маж што гледа жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Осамени меѓу прастарите стебла Ја слушате виолината на Марин Сореску, А потоа долго Жан Пол Гибер Ви го толкува лицето на благата смрт. (Сина вода блика во сеќавањето: Од мостот на Незвал Гледате жена во множина).
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Во светлината на прозорецот од спротивната страна на улицата тој гледа жена свртена со грб кон улицата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не може да гледа жената.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Најинтересни беа жените; боже, велеа луѓето, највесело од сѐ било - да гледаш жени пијани; пиеја од котлињата, мавтаа со чашките и пагурите и викаа, пискаа: Ихуууу!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се враќа Бандо во постелата, ја гледа жена му кај што спие со собрани усни низ кои шишти нејзиното дишење како фитил да гори.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Првпат ја гледа жена си како расте, а од очите ѝ сјае светлина.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Во град сум гледал жени - издолжени како жерави, чиниш сега ќе влезе во вода и ќе остане со издолжена шија.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Н луташе со погледот во недоглед. Насекаде гледаше жена.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Мислам тоа беше моментот кога една несреќница се провикна: „Гледајте жени со што се храниме! И тоа на Прочка!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А тој ден навистина беше Прочка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Гледала жени во црно, со покриено лице, како со фантомски чекори минуваат покрај нив.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На едно лединче гледам жена. Млада жена, а гола.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)