гледа (гл.) - езеро (имн.)

Куќата што ја изнајмивме беше двокрилна со долга авлија и со големи истурени чардаци, од кои убаво се гледаше Езерото и реката.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сонуваше: некој му го поткопува ѕидот од куќата откај патот и му става експлозив да го руши; истрчува Бандо со пушката надвор, вика по тие невидливи минери во мракот, пали фенер, ја бара дупката со експлозивот; никаква дупка и никаков експлозив нема, но го слуша фитилот кој шишти, кај што гори, му оди по шиштежот, го бара, никаков фитил не може да најде; врти околу куќата и го слуша ветерот што шумоли во сувите трски; легнува повторно да спие, но токму тогаш силна експлозија екнува и ја руши куќата; скокнува Бандо од постелата, стрчнува низ одајата, излегува надвор, но гледа никаква експлозија нема, никакво рушење на куќата; гледа езерото се нишка полека, мирно, гледа месечината прпелка во него како риба, превртувајќи се на мев; селото е глуво, заспано; само од далечина одвреме-навреме се слуша некој посилен пукот од фронтот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Го гледаа езерото како на дланка, воодушевувајќи се на неговата убавина: наутро сонцето го отвораше како голем бел цвет, врамен со зеленило; тоа треперејќи на благото ветренце - се доразвиваше; кружеа галебите над него спуштајќи се да го допрат со крилјата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Друго е кога од горе го гледаш езерово, друго е кога блесокот на водата ти го мати сјајот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Низ него го гледаше обзорувањето и зајдувањето на денот - тоа вечно намотување бело клопче на црно, црно на бело, како што му велеше баба му; го гледаше езерото кога беше мирно и кога се преливаше во севозможни бои како бесценет камен, го гледаше кога рикаше и бучеше како ѕверки да му се бијат во утробата, го гледаше виножитото што со едниот крај се спушташе во него заслепувајќи ги очите со прекрасни бои; го сгедаше езерото кога надојдуваше и од брегот поземаше сѐ што останало на песокта:
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)