гледа (гл.) - ѝ (зам.)

И додека некои од селаните гледајќи ѝ го мевот, се потсмевнуваа и си дошепнуваа, дедо му на Богдан, татко му, мајка му, се радуваа што невестата им доаѓа дома проверена и со сигурност ќе им ја зарадува куќата и ќе им ја продолжи лозата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На некоја, ете, устата ѝ станала блага, мека, чиниш ѝ тече мед, друга те изненадила со долг и светол поглед, мил, срцето да ти го стопли, чиниш над главата ти се отворило небото, виножито, те гали, о боже, трета пак срамежливо ведне глава кон земјата, се срамува, кротко, како јагне, гледаш ѝ се позашилиле градите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Ќе ти умре жена ти“, му велеа луѓето гледајќи ѝ ја ногата потечена.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Лицето гледам ѝ гори. И целата глава ѝ гори, ѝ чади.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)