Кога му дојде мисла оти покрај жена може да го обрадува и со некое детенце, за малку што не рипна од постелата да го зграби дедот Петка и да летне, да ја земе Доста и да се најде дома каде ќе го гледа тоа дете, ќе го хране и подига, ќе биде и тој татко како сите среќни луѓе, ќе се радува на тој негов створ и ќе умре на неговите раце.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ако направиш некоја грешка, опрости си себеси, но гледај тоа простување да не биде често, зашто не ќе има важност...
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Го гледам тоа по неприродниот начин на кој го поткрева газот на душемето.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Јас веќе не можам да го гледам тоа колење, жарење и палење.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
• Скотоматизација. Не го гледам тоа што не сакам да го видам.
• Замена Гледам едно наместо друго.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Го гледав тоа што веќе ви го кажав.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Го гледам тоа тркало на тие дамнешни сништа полето како го буди врз таа земја сува и дури се вишнее класот и брегот дури листа базјето спокој и очите ги чува.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Ние го гледавме тоа и уживавме во глетката.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
И пред луѓето што го гледале тоа да се изначудат, да речат дека што го гледале тоа да се изначудат, да речат дека Питу Гули го научил да пие вино или дека имале заеднички сон, ист и во исто време, коњот полека ја кренал главата од бочвата и додека од коњските усни му капело вино, се свртил и, пак со галоп како што дошол, и се предал на темницата, бил ноќ во ноќта.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Се гледаше тоа од лицето на татко ми, се чувствуваше од неговиот глас.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Оној другион го губи тактот, несовладливо му упаѓа во мислите на Арсо, кој сега смело ги урива неговите доводи: „Ви е судено да умрете не од вашите зборови, туку од нашите бомби“! Страшно е да се гледа тоа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Знам дека се потребни штици, и самиот го гледам тоа, луѓето набргу ќе немаат што да работат, единствениот излез е овој.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Го гледаш тоа и не можеш ништо да направиш.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Го гледав тоа толку блиско лице, нејзиниот постојано бел тен, како бавно помодрува.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
А ловецот ќе го гледа тоа во шумките, во заветното, велеше, и си трае, не ја крева пушката, не пука по никого.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)